Шкендија испушти „златна“ победа против Јагиелонија, играјќи 1-1 против силниот полски тим во третото коло од Конференциската лига на УЕФА. Тетовци водеа од 49.минута кога погоди Лиридон Љатифи со глава, но примија гол во последните секунди на дуелот што се одигра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
По завршувањето на средбата, тренерот на македонскиот првак Јетон Беќири не ја криеше својата разочараност.
„Нормално дека сме разочарани, бидејќи секунди нѐ делеа од трите бода. Сепак, фудбалот е таков и мора да го прифатиме овој резултат. Можеби немавме среќа, можеби требаше да постапиме поинаку, ама во последните моменти едноставно не нè послужи среќата. Не беше од преголема желба, туку во некои ситуации не бевме добро поставени. Ако на претходниот меч победивме со гол во последна секунда, сега ни се врати на ист начин. Овојпат три секунди нè делеа од победата.“
Беќири додаде дека е задоволен од настапот на својата екипа, особено од дисциплината во првото полувреме.
„Игравме против квалитетен ривал. Освен моментот кога примивме гол, Јагиелонија немаше вистинска шанса, што значи дека добро се браневме. Единствената дефанзивна грешка нè чинеше победа. И ние и Дрита имаме реални шанси за пласман понатаму – тие се со бод повеќе, па очекувам натпревар 50-50 во Приштина. Се работи за пријателски клубови и очекувам коректен меч.“
Тренерот се осврна и на состојбата на Арбин Зејнулаи, кој беше заменет по добиен удар.
„Се е во ред со Зејнулаи, доби непријатен удар одблизу, но по медицинските прегледи очекуваме да биде добро.“
По три кола, Шкендија има четири бода и останува во игра за пласман во плеј-офот. Следниот натпревар тимот ќе го одигра на 27 ноември во Приштина против Дрита.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Донарума е избран за најдобар светски голман













