Раководството на Ливерпул започнало преговори за продолжување на договорот на Доминик Шобослаи. Клубот е исклучително задоволен од настапите на унгарскиот репрезентативец и сака да го врзе со долгорочен договор.
Според информациите од Англија, разговорите со Унгарецот веќе се во тек. Во плановите на „црвените“ влегуваат и преговори за нов договор со уште еден играч од средниот ред, Рајан Гравенберх.
Од клубот ја оценуваат играта на Шобослаи оваа сезона како одлична. Неговиот актуелен договор со Ливерпул е со важност до летото 2028 година.
Во тековната сезона 25-годишниот фудбалер одигра 10 натпревари во Премиер – лигата, постигна еден гол и забележа една асистенција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













