Четворица мажи го ограбиле домот на дефанзивецот на Интер, Алесандро Бастони, за време на победата на неговиот тим со 2-1 во Лигата на шампионите против Каират, пренесува „Газета дело Спорт“. Италијанскиот репрезентативец го помина натпреварот на клупата за резерви.
Според информациите, откако провалиле во домот на фудбалерот, крадците веднаш се упатиле кон гардеробата, од каде украле дизајнерски чанти и два швајцарски часовници марка „Ролекс“.
Тие ја напуштиле куќата по неколку минути. Иако алармот се активирал, обезбедувањето и локалната полиција не успеале да пристигнат навреме за да ги фатат сторителите.
Домот на Бастони бил празен во моментот на кражбата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal













