Работнички игра очајно во новиот шампионат и после 12 одиграни натпревари освои само седум бода. „Романтичарите“ никако не успеваат да фатат позитивен ритам, а тимот се надева дека можеби денешното гостување во Куманово ќе биде пресвртница.
Играчот за врска Теодор Николовски верува дека Работнички може да оствари позитивен резултат.
„Не сме во најдобар момент и никако не успеваме да фатиме стабилност и да одиграме неколку добри натпревари во низа. Бодовното салдо е многу скромно и затоа Работнички размислува да освои три бода на секој нареден натпревар. Сите се надеваме дека ова гостување во Куманово и дуелот со Башкими може да биде пресвртница“, изјави Теодор Николовски.
На првиот меч оваа сезона, Работнички загуби од Башкими со 0-2 на дуелот што се одигра на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар со триумфот над Струга ТЛ и дефинитивно мина прв низ целта и ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Стефан Цветковиќ (Вардар)
Вардар е шампион, а голот вреден титула за триумфот во Струга го постигна Стефан...
Автор makfudbal













