Данскиот стратег на кормилото на Тотенхем, Томас Франк, сака да доведе напаѓач и за таа цел подготвил едноставен план. Тотенхем би му го понудил Ришарлисон на саудискиот Ал-Ахли во размена за Ајван Тони, со што сите вклучени страни би го добиле тоа што им е потребно, пишува англиски „Скај Спортс“.
Ришарлисон би добил поголема минутажа, а Тони можност преку настапите во Премиер – лигата да се наметне за англискиот состав за Светското првенство следната година.
Тони во август 2024 година го напушти Брентфорд и потпиша за Ал-Ахли во трансфер вреден 42 милиони евра. Таму е еден од најплатените англиски фудбалери со плата од половина милион евра неделно и во 59 настапи постигна 41 гол. Во Тотенхем, пак, се бара сигурно решение во нападот.
Доминик Соланке е надвор од терен од август, Матис Тел и Рандал Коло Муани засега не го донесоа очекуваниот ефект, а Ришарлисон игра послабо откако Томас Франк ја презеде екипата. Ал-Ахли претходно беше подготвен да плати околу 70 милиони евра за Бразилецот, но тогаш во клубот пристигна токму Ајван Тони.
Франк смета дека враќањето на Тони во Премиер – лигата и заминувањето на Ришарлисон во Саудиска Арабија би било прифатливо за сите страни. Тони под водство на Франк во Брентфорд во 2020 година го предводеше нападот во Чемпионшип и во првата сезона постигна 33 гола во 52 натпревари, со што го отвори патот на клубот кон промоција, а во двете целосни премиерлигашки сезони додаде уште 32 погодоци.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона
Евро-фудбал
Јувентус тргна по потписот на Франк Кеси
Евро-фудбал
ПСЖ го претстави Лукас Дињ како нова аквизиција













