По убедливиот пораз од Арсими, Башкими сака да се врати на победничките патеки. Во саботниот натпревар од 13. коло, кумановци ќе се соочат со Работнички.
Во првиот дел од сезоната Башкими во Скопје триумфираше со 0-2, но традицијата е на страната на Работнички. Во досега одиграни 17 натпревари, 9 победи се за Работнички, 4 за Башкими, а 4 натпревари завршиле нерешено.
Сепак, според Адис Мурати, работите ќе се одвиваат во позитивна насока, бидејќи трите бода се императив за кумановскиот тим.
„На прв поглед, натпреварот изгледа лесен, но Работнички е најопасен кога е во криза. Ние сме мотивирани и сакаме што побрзо да го заборавиме поразот од Арсими. Играме во Куманово, на нашиот стадион, што го гледам само како олеснување и дополнителен мотив, а никако како комодитет. Трите бода против Работнички се императив за да бидеме помирни во продолжението на првенството“, изјави Адис Мурати.
Натпреварот меѓу Башкими и Работнички ќе се одигра на стадионот на Башкими во 13:00 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Интер Мајами го доведе Серхио Регилон
Млади репрезентации
Македонија У15 со минимален пораз од Турција на возвратниот натпревар













