
Вирџил ван Дајк со години важи за еден од најдобрите стопери во светот. Тој постави апсолутно фасцинантен рекорд на вчерашниот натпревар меѓу Ливерпул и Вест Хем.
„Црвените“ ги победија гостите од Лондон со 1-0, па Ван Дајк врза 60 натпревари без пораз на „Енфилд“ и стана апсолутен рекордер во Премиер – лигата.
Неверојатно е што холандскиот стопер НИКОГАШ не загубил првенствен натпревар на „Енфилд“, има скор од 52 победи и осум ремија.
Тој го собори рекордот на Ли Шарп, поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед, кој имаше 59 врзани натпревари без пораз дома во текот на 1990-тите.
Ван Дајк дојде на „Енфилд Роуд“ во 2018 година и со Ливерпул ги освои Премиер – лигата и Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Лука Јовиќ ќе потпише за АЕК Атина

Евро-фудбал
Ал-Хилал тргнува по Дарвин Нуњез
