Connect with us

Нема одмор за Шкендија, против Шкупи ја продолжува трката по водечките

Екипата на Шкендија против Шкупи го игра заостанатиот натпревар во рамките од 12. коло. И во мигови кога има пауза, и кога тетовскиот тим дава неколку репрезентативци (Рамадани, Цаке, Гаје), сепак, се реши да го игра овој меч.


Иако без репрезентативците, тетовските „црвено-црни“ важат за големи фаворити против последнопласираниот тим на табелата.

Сепак, од таборот на актуелниот првак не сакаат да го потценат ривалот. Велат дека оние кои ќе излезат на теренот во Струга, ќе го дадат максимумот за да се освојат трите бода.

„Кога сите одмораат, ние мора да играме. Но, кога ќе размислиме зошто мораме да настапуваме и во овoј викенд е јасно дека Шкендија донесе европски фудбал во Македонија оваа година и ги направи сите навивачи горди. Атмосферата во тимот е добра, влегуваме во мечот по позитивен резултат во Европа против Јагелонија, и убедлив триумф против Македонија ЃП кој нѝ даде дополнителна самодоверба. Се подготвуваме како и за секој меч, без разлика на противникот. Знаеме дека Шкупи има проблеми оваа сезона, но мора да го почитуваме секој противник, и не смееме да го потцениме. Го респектираме нашиот ривал и ќе одиме на победа, да го продолжиме нашиот пат во првенството, за на крај да бидеме на врвот на табелата“, изјави младиот играч на Шкендија, Лорик Јакупи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови