Француски “Л’Екип” и италијанскиот трансфер-експерт, Фабрицио Романо открија дека Пари Сен Жермен денеска официјално ќе го потврди продолжувањето на соработката со Нејмар. Бразилецот треба да потпише нов договор кој ќе го задржи на “Паркот на принцовите” до 2026 година. Како резултат на тоа, тој наводно ќе заработува астрономски 30 милиони евра по сезона.
Тековниот договор на напаѓачот истекува на крајот на идната сезона, а ист е случајот со договорот и на Килијан Мбапе. По неговата преселба во Париз во 2017 година, Нејмар неколку пати беше поврзуван со повторно враќање на “Камп Ноу”.
За време на минатото лето, Барселона дури испрати свои претставници во Париз во обид да го разубеди 29-годишниот фудбалер, но финансиската ситуација во која се наоѓа шпанскиот гигант, не дозволи такво нешто.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













