Connect with us

Наташа Андонова пуштена од болница, има мал потрес на мозокот

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова постигна гол за триумф на Леванте против Тенерифе (1-0), но доби и силен удар во главата, по што беше изнесена на носилки од теренот.


Андонова беше испратена на детални лекарски прегледи тестови, а Леванте објави соопштение во кое откри детали.


„Наташа е отпуштена од болница, откако ѝ беа направени различни тестови. Дијагностицирана е лесна трауматска повреда на мозокот (ТБИ). Оптимисти сме за нејзино закрепнување и ќе ја следиме состојбата“, соопшти Леванте.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови