
Наполи го совлада Удинезе со 5-1 на стадионот „Диего Армандо Марадона“ и го држи курсот за пласман во Лигата на шампионите. Во моментот „наполитанците“ се искачија на второто место на табелата, но најважно е што со победи го чуваат местото пред Јувентус кој неочекувано падна на петтата позиција.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас на овој натпревар доби петнаесетина минути од тренерот Џенаро Гатузо.
Зиелински и Руиз донесоа водство од 2-0 за Наполи, а Окака намали пред крајот на првиот дел. Во вториот дел во листата на стрелците се запишаа и Лозано, Ди Лоренцо и Инсиње.
Во следното коло, Наполи гостува кај Фиорентина.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кол Палмер уште шест недели надвор од терените
