Македонскиот прволигашки шампионат влегува во својата завршница и ако дилемите за врвот се веќе расчистени, тогаш е сериозно заплеткано во битката за опстанок. Еден клуб заедно со Беласица ќе мора директно да испадне, а уште два ќе играат бараж за опстанок.
На Силекс му „гори“, се наоѓа на десеттата позиција и има само еден бод повеќе од Вардар, кој во моментов е во опасната зона и би испаднал во второлигашка конкуренција. Токму затоа избраниците на Горан Симов и немаат друг избор освен да атакуваат на победа на денешната пресметка против Академија Пандев. Ова е воведен натпревар од 29.коло во Првата лига, но и предигра пред финалето на Купот кое е закажано за 19 мај, а ќе го играат овие две екипи. Сите останати мечево од 29. коло се закажани за утре.
Академија Пандев е малку побезбедна, но исто така се уште ги нема разрешено сите грижи околу опстанокот, посебно што сака да ги избегне и позициите што водат во бараж. Тимот на Александар Васоски во последното коло го победи Вардар (3-0), а и Силекс се сеќава на убедливиот триумф (6-0) против вардарци затоа што им е единствената радост во последните пет кола.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski