Connect with us

Мурињо подготвува сензационално засилување за нападот на Бенфика

Жозе Мурињо ја презеде Бенфика и веќе ги засука ракавите за да го засили тимот за предизвиците кои следуваат во оваа сезона. Според пишувањата на португалските медиуми, Лисабон би можел да стане нова дестинација и град во кој ќе живее Карим Бензема.

Мурињо сака повторно да соработува со францускиот напаѓач, кој влезе во последната година од договорот со Ал-Итихад во Саудиска Арабија.

Двајцата имаа исклучително успешна соработка во Реал Мадрид кога ги освоија трофејот од Лигата на шампионите и Купот на кралот во Шпанија.

Францускиот напаѓач под водство на Мурињо постигна 78 голови на 150 одиграни натпревари. Исто така, не е тајна дека се во одлични односи и дека овој потпис би се случил токму поради доаѓањето на Мурињо на клупата на Бенфика.

Бензема повеќепати јавно зборуваше за тоа колку Мурињо му помогнал во развојот на неговата кариера. Медиумите шпекулираат дека Бензема сака да се врати во Европа и дека е подготвен да ја намали платата, која е навистина огромна во Саудиска Арабија.

Се претпоставува дека Бенфика би можела да го откупи Бенфика за пет до седум милиони евра, а со неговото доаѓање сигурно би пораснал интересот за португалската лига.

Бензема е освојувач на „Златната топка“ и глобална ѕвезда која со години „царуваше“ во светскиот фудбал во дресот на Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови