
Рома има неколку дефанзивци кои не можат да играат поради повреди. Затоа Мурињо мора да користи необични решенија. На натпреварот против Сервет во одбраната играше номиналниот играч за врска Брајан Кристанте и при голот направи голема грешка кога погрешно ја пресмета патеката на топката и не го расчисти центаршутот.
„За жал, имам само еден Кристанте. Да имам три или четворица, сите ќе играа. Тој е одличен пример за другите“, изјави Португалецот.
Според 60-годишниот стратег, оние играчи кои вложуваат помалку труд сепак можат да се чувствуваат безбедно бидејќи „нема да платат“ за грешките. Тој посочи кој тренер е единствениот што може да си дозволи такви маневри.
„Јас не сум Гвардиола. Тој е единствениот кој може да си дозволи да си купува постојано нови играчи. Не е задоволен со еден, “збогум” и доаѓа друг. Немаме капацитет за тоа. Можам само да се обидам да го направам најдоброто од овој тим“, изјави Мурињо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кол Палмер уште шест недели надвор од терените
