
Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, сака на „Олимпико“ да го донесе дефанзивецот на Тотенхем, Ерик Даер. „Специјалниот“, кој пред извесно време беше на чело на Тотенхем сака да го ангажира овој фудбалер во јануари или на лето.
Даер веќе не е главен столб во играта на Тотенхем, со оглед дека менаџерот Анте Постекоглу претпочита да се потпира на други играчи во одбраната.
Според „Тутоспорт“, Мурињо е подготвен да му понуди спас далеку од Северен Лондон. Даер беше клучен играч за Тотенхем под водство на Португалецот, со 57 настапи помеѓу 2019 и 2021 година.
Рома се мачи од почетокот на оваа сезона, особено во одбраната и е десеттопласирана во Серија А.
Мурињо го гледа Даер како искусен играч кој ќе влезе директно во стартните единаесетмина и ќе ја стабилизира дефанзивната линија на тимот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ

Евро-фудбал
Арсенал се пофали со Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Расмус Хојлунд пред трансфер во Милан
