
Италијанскиот калчолигаш Рома ова лето би можела да го врати во своите редови аргентинскиот интернационалец Ерик Ламела. Сето ова по иницијатива на новиот тренер Жозе Мурињо кој од јули треба да го преземе раководењето на тимот.
Мурињо одлично го познава Ламела со оглед дека имаа соработка во Тотенхем. Аргентинецот својата фудбалска афирмација ја стекна токму во Рома, од каде направи трансфер во Тотенхем. Сега би можел да се врати назад на „Олимпико“ во Рим.
Ламела не добива голема минутажа оваа сезона во дресот на Тотенхем и е подготвен да се врати во Серија А. Аргентинец на лето влегува во последната година од договорот, а Тотенхем бара отштета од 15 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
