
Мурат Јакин е назначен за нов селектор на швајцарската фудбалска репрезентација и ќе го замени Владимир Петковиќ. Тој поднесе оставка откако Швајцарија стигна до четвртфиналето на Европското првенство и го презеде раководството на Бордо.
Јакин (46) денеска потпиша договор со Швајцарија до крајот на квалификациите за СП во ноември, но со опција за продолжување. Тој доаѓа од второлигашот Шафхаузен и сега има помалку од еден месец да работи со репрезентацијата пред првите квалификациски натпревари закажани за септември.
Јакин, кој е поранешен капитен на швајцарската репрезентација и одигра 49 натпревари, а настапуваше во Бундес – лигата и во Турција, ќе дебитира како селектор против Грција во Базел на 1 септември. Потоа го чекаат два квалификациски натпревари за Светското првенство, против европскиот шампион Италија на 5 септември во Базел и гостување против Северна Ирска во Белфаст на 8 септември.
Тренерското искуство на Јакин вклучува две титули во швајцарската лига со Базел во 2013 и 2014 година и победа над Челси дома и на гости во групната фаза од Лигата на шампионите во сезоната 2013/14. Тој беше тренер и на Спартак Москва.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
