Јусуфа Мукоко стана најмлад стрелец во историјата на Бундес-лигата, откако постигна гол на возраст од 16 години и 28 дена. Но, Борусија Дортмунд загуби на гостувањето кај Унион Берлин со 2-1.
Таиво Авониџи го доведе домашниот тим во водство во 57.минута, но Јусуфа Мукоко успеа да израмни само три минути подоцна. Сепак, Унион Берлин славеше со голот на Марвин Фридрих во 78.минута од мечот.
По овој пораз, Борусија Дортмунд остана на 22 бода, шест помалку од лидерот Баер Леверкузен.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement