Нигерискиот напаѓач Виктор Осимен потврди дека ќе остане во Галатасарај до крајот на сезоната. Осимен прејде на позајмица во истанбулскиот гигант од италијанскиот калчолигаш Наполи во јуни и не размислува за предвремено заминување.
Тој го постигна победничкиот гол за Галатасарај во триумфот од 2-1 против Бешикташ во понеделникот, а по натпреварот беше категоричен дека неговите планови се да остане во клубот до следното лето.
На прашањето каде се гледа во вториот дел од сезоната, Виктор Осимен експресно одговори: „Тука? Очигледно!“
Италијанските медиуми го поврзуваа нигерискиот напаѓач со трансфер во Јувентус во зимскиот преоден рок. За време на летниот трансфер период, Челси и клубови од Саудиска Арабија покажаа сериозен интерес за него.
Осимен има постигнато четири гола и четири асистенции во седум натпревари во сите натпреварувања во дресот на Галатасарај.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













