Европскиот првак Челси би можел да биде исфрлен од Лигата на шампионите, тврди влијателниот француски спортски весник „Л’Екип“. Наводно, во пресрет на утрешниот реванш против Лил во ЛШ, англискиот клуб е под сериозна закана од УЕФА поради најновите санкции од ЕУ за рускиот тајкун и се уште сопственик на Челси, Роман Абрамович. Сепак, првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин, неодамна изјави нема причина за такво нешто.
Реванш натпреварот од осминафиналето на ЛШ меѓу Лил и Челси е сериозно доведен во прашање поради најновите санкции на Европската унија кон Русија, во кои е опфатен и Роман Абрамович.
Дуелот меѓу Лил и Челси е закажан за утревечер во Франција, а лондонскиот клуб има предност од 2-0 од првиот дуел на „Стемфорд бриџ“.
L'ajout de Roman Abramovitch à la « liste noire » des personnalités russes sanctionnées par l'Union européenne pourrait mettre en péril la tenue de Lille-Chelsea, mercredi soir, en Ligue des champions. Explications https://t.co/y875CDFncd pic.twitter.com/v6Yaq4fH6m
— L'ÉQUIPE (@lequipe) March 15, 2022
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal