
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (18 часот) во Ереван го игра претпоследниот натпревар од квалификациите за СП 2022 во Катар. Надежите за место во бараж се уште постојат иако Романија е во пол – позиција затоа што два натпревари игра на домашен терен. Но, избраниците на Благоја Милевски ќе се борат до самиот крај, а само триумф ќе ги продолжи шансите на „црвено-жолтите“ за мундијалскиот бараж.
Енис Барди денеска за првпат ќе биде во улога на капитен на националниот тим, со оглед дека Стефан Ристовски нема право на настап поради жолти картони. Тој верува дека Македонија може да оствари успех, ако одигра тимски во Ереван.
„После Европското првенство сите очекуваат повторно нешто големо, но ние мора да одиме од меч во меч. Со оваа сегашна генерација со новиот селектор со кој долго време се знаеме, а имаме и некои нови играчи, мора да сме трпеливи, зашто секој меч ни носи нешто ново, а ништо негативно, без оглед дали сме победиле или загубиле. Македонија досега покажа дека игра за нешто убаво и игра добро, а не за петто или четврто место. Мислам дека направивме многу добри работи и само треба да продолжиме така. На денешниот дуел веројатно ќе решаваат детали. Најважно е ние да сме подготвени и да знаеме што бараме на теренот. Овој меч е многу важен и за нас и за Ерменија. Треба да влеземе на терен со заедништво како никогаш досега и тоа е клуч за победа“, вели Енис Барди.
Селекторот Благоја Милевски има проблеми со повреди, но, сепак, на теренот ќе истрчаат најподготвените во овој момент и ќе се обидат да остварат триумф. Мечот е закажан за 18 часот на Националниот стадион во Ереван.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
