Египетската ѕвезда Мохамед Салах е многу блиску до одлука да го напушти Ливерпул. Ова откако на последните два натпревари е резерва во тимот на Арне Слот, а сезоната ниту од далеку не е како онаа од соништата за „црвените“.
Не е тајна дека Мохамед Салах во претходните трансфер-периоди често се поврзуваше со клубови од Саудиска Арабија. Исто така, одамна е познато дека имал контакти и разговори со луѓе од таму. Ливерпул во септември 2023 година дури одби понуда од 150 милиони фунти од Ал-Итихад за египетската ѕвезда.
Постоеше можност Салах летово да се пресели во Саудиска Арабија, но тој сепак потпиша нов договор со Ливерпул. Сепак, работите на „Енфилд“ не се одвиваат како што се очекуваше – ниту за него, ниту за Арне Слот, ниту за играчите и навивачите, па ни за јавноста.
Во таква атмосфера, можно е Салах да го напушти клубот многу скоро, и покрај тоа што има договор до 2027 година. Сè погласни се информациите дека односот меѓу него и Арне Слот не е идеален. Египќанецот два натпревари по ред беше оставен на клупата во Премиер – лигата, нешто што досега никогаш не се случило откако пристигна во Мерсисајд.
Клубовите од Саудиска Арабија внимателно ја следат ситуацијата, бидејќи Салах е нивната „неостварена желба“. Тој е најпопуларниот муслимански фудбалер во светот и голема желба на Саудиската Про-лига, која сака да ги подигне имиџот и интересот во пресрет на потенцијалната организација на СП 2034.
Сигурно е дека би му понудиле огромна плата и би го ставиле во редот на најплатени играчи заедно со Кристијано Роналдо и Карим Бензема, а и Ливерпул би заработил значајна сума преку трансферот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Вест Хем освои бод на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)
Млади репрезентации
Македонија У20 подобра од Лихтенштајн: Данев постигна два гола













