Хрватскиот ветеран Лука Модриќ ќе го предводи националниот тим на Хрватска на десетти голем меѓународен турнир и петто Светско првенство, откако „визата“ за Мундијалот 2026 е обезбедена. Долгогодишниот број „10“ на Хрватска имаше клучна улога во освојувањето на второто место во 2018 година и бронзениот медал во 2022 година.
Лука Модриќ, добитник на „Златната топка“ во 2018 година, има учествувано на четири светски првенства (2006, 2014, 2018 и 2022) и пет европски шампионати, а со 193 настапи во моментов се доближува до бројката од 200 на турнирот во 2026 година.
„Нештата звучат неверојатно и се надевам дека здравјето ќе ми дозволи да бидам таму. Десетката е посебен број за мене и се надевам дека ќе постигнеме добар резултат“, изјави Модриќ.
„Не сум опседнат со бројките, но би било убаво да достигнам 200 натпревари. Прекрасно е да се слушне тоа и сум горд на сè што постигнав со националниот тим.“
Модриќ истакна дека пласманот на Хрватска на следниот Мундијал не треба да се сфаќа за „обична работа“ за земја со само 3,8 милиони жители.
„Чувството е фантастично. Да се пласираш на Светско првенство не е мала работа. Понекогаш забораваме на тоа, бидејќи постигнавме одлични резултати на последните два турнира, но ништо од тоа не е нормално. Можеме да бидеме среќни и горди на уште еден голем успех“, изјави Модриќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













