Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година ремизираше без голови против Азербејџан на вториот пријателски натпревар на мини-кампот во Анталија. Избраниците на Горна Станиќ беа подобриот тим на теренот, но не ја искористија доминацијата во завршницата.
Натпреварот започна со внимателна игра од двете страни, без поголеми шанси и со многу прекини. Азербејџан прв се закани во 20. минута, но македонската одбрана успешно расчисти во корнер. Противникот бараше пенал по еден дуел во шеснаесетникот, но судијата остана на одлуката да продолжи играта.
Македонија возврати во 26. минута, кога Ѓорѓиевски испрати прецизен центаршут, а Николовски шутираше со глава, но топката заврши покрај дирекот. Само неколку минути подоцна, Меличи се закани со удар со глава, но шутираше над голот. Во 31. минута истиот играч ја затресе мрежата, но неговиот погодок беше поништен поради прекршок.
Македонската селекција продолжи со притисокот и во продолжението. Стојанов во 33. минута беше во добра позиција по блокиран удар на Ѓорѓиевски, но не успеа да реализира. Во 37. минута, по мешаница во шеснаесетникот, Трајков ја испрати топката во мрежата, но повторно голот беше поништен, овојпат поради офсајд.
Второто полувреме донесе помалку возбудувања, а најголемата шанса ја имаше Трајков во 59. минута, но азербејџанскиот голман го запре неговиот зицер. Темпото на игра опадна во завршницата поради заморот кај фудбалерите, па натпреварот заврши без голови.
Ова беше втор контролен меч за младата македонска селекција во Турција, по претходниот пораз од Белорусија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ гостува кај омилената жртва













