
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година го победи Гибралтар со 0-2 и стигна до третиот триумф во квалификациите за ЕП 2025. Тоа е барем мала утеха по убедливиот пораз (5-0) од Холандија во Алмере.
Селекцијата на Драган Канатларовски овојпат ја оправда фаворитската улога. Двата гола ги постигна во првото полувреме.
Одбраната на домаќинот прв ја разби Ване Крстевски, кој постигна гол за водство во 24.минута. Вториот погодок беше дело на Фитон Адеми во 42.минута од дуелот.
Во финишот од натпреварот, Гибралтар остана и со фудбалер помалку поради исклучувањето на Џереми Перера во 84.минута.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами
