
На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа одредени местата и термините за одигрување на финалните натпревари од Купот на Македонија во сите младински категории.
Покрај тоа, УО на ФФМ го прифати барањето од Агенцијата за млади и спорт за активна поддршка на проектот „Младинска картичка“ на АМС. Во иднина секој носител на младинска картичка ќе може да купи билет за натпреварите во организација на ФФМ (натпревари на македонската репрезентација и натпревари од Купот на Македонија) со попуст при купувањето на билетот од 25 проценти од утврдената цена;
ФФМ ја утврди и цената на билетот за финалето од Купот на Македонија. Билетите за натпреварот меѓу Македонија ЃП и Академија Пандев кој се игра на 22. мај на Националната арена „Тодор Проевски“ ќе чини 100 денари.
УО на ФФМ ги одреди местата и времето на одигрување на финалните натпревари во младински фудбал, женски фудбал и футсал од Купот на Македонија.
Помлади петлиња (2005) – 20. мај, 11:00 часот, стадион „Билјанини извори“, Охрид;
Петлиња (2004) – 20. мај, 17:00 часот, стадион „Билјанини извори“, Охрид;
Кадети – 21. мај, 11:00 часот, стадион „Билјанини извори“, Охрид;
Младинци – 21. мај, 17:00 часот, стадион „Билјанини извори“, Охрид;
Пионери – 22. мај, 11:00 часот, стадион „Билјанини извори“, Охрид;
Помлади пионери – 29. мај, 11:00 часот, тренинг центар „Петар Милошевски“, Скопје;
Жени – 23. мај, 17:00, стадион„Никола Мантов“, Кочани;
Футсал – 01. јуни, 18:00, спортска сала „Јасмин“, Кавадарци.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Интернационалци
Шишковски и Цветаноски во тимот на колото во БиХ (Фото)

Евро-фудбал
Ендрик во јануари го напушта Реал Мадрид

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)
