Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски продолжи со одлични игри во дресот на Абердин и по репрезентативната пауза. Тој беше двоен стрелец за својот тим во триумфот (4-1) против Килмарнок, а можеби ќе стигнеше и до хет-трик доколку не беше повлечен по еден час игра.
Миовски не крие, сака да биде најдобар стрелец во првенството на Шкотска. Досега постигна седум гола, еден помалку од Хрватот Антонио Чолак од Глазгов Ренџерс, а седум има и Кијого Фурухаши, Јапонецот од Селтик.
„Моја цел е да бидам најдобар стрелец во Шкотска, тоа е сон на секој напаѓач кога ќе дојде во една ваква силна лига. Го избрав Абердин токму поради офанзивниот стил на фудбал што се негува, мислам дека добро се вклопи и ќе се трудам да бидам ефикасен. Имам одлична соработка со соиграчите, а уживам и во односот со навивачите, тии се моја огромна мотивација за да дадам сѐ на теренот. Постигнав седум гола, задоволен сум и се надевам дека вака ќе продолжам“, изјави Миовски по уште една одлична партија за Абердин.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова
Втора лига
Брегалница и Детонит ремизираа без голови













