
Борусија Дортмунд може да го продаде младиот напаѓач Јусуфа Мукоко, откако го привлече Серху Гираси од Штутгарт, објави „Скај Германија“.
„Жолто-црните” пристигнаа во Тајланд за својата претсезонска турнеја со четворица главни напаѓачи, при што барем еден најверојатно ќе го напушти германскиот клуб. Цената на 19-годишниот Мукоко е околу 20 милиони евра.
Медиумите го сметаа напаѓачот Себастиен Але за прв кандидат за продажба. Иднината на германскиот напаѓач Никлас Фулкруг исто така останува нејасна. Во моментот германскиот репрезентативец сака да ужива во својот одмор по завршувањето на ЕВРО 2024 и дури потоа да разговара со раководството на клубот.
Финалистот во Лигата на шампионите од минатата сезона сака да го задржи Фулкруг во својот состав.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
