
Селекторот на младинската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, го објави поширокиот список од 26 фудбалери кои ќе бидат во комбинација за настап на дуелот со Финска, пријателски меч што нашите фудбалски надежи ќе го играат во Трнава, Словачка, на 6 јуни. Подготовките почнуваат утре, а Милевски веднаш обелодени дека конечниот список ќе биде откриен по одигрувањето на селективен меч на 2. јуни на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Изгледот на нашата млада селекција во многу работи ќе зависи и од статусот на повредените фудбалери, со оглед на фактот дека тројца репрезентативци, Јани Атанасов, Џемал Ибиши и Томче Гроздановски се жалат на повреди и лекарскиот тим во репрезентацијата ќе одлучи дали можат да настапат.
СПИСОК
Голмани: Томас Божиновски (Феиренше, Португалија), Ристе Јанков (Работнички), Даниел Котески (Победа),
Одбрана: Агрон Руфати (Истра, Хрватска), Есмин Личина (Скопје), Филип Трајановски (Академија Пандев), Нехар Садики (Ренова), Филип Антовски (Динамо Загреб, Хрватска), Тодор Тодоровски (Осијек, Хрватска), Ване Јованов (Академија Пандев), Денис Стошиќ (Шпилберг, Германија), Михаил Маневски (Академија Пандев), Никола Серафимов (Брегалница);
Среден ред: Давор Здравковски (АЕЛ Лимасол, Кипар), Јани Атанасов * (Бурсаспор, Турција), Димитар Митровски (Спортинг Лисабон, Португалија), Кристијан Ацковски (Работнички), Милош Тошевски (Земун, Србија), Миле Тодоров (Осијек, Хрватска), Енсар Љума (Шкендија), Томче Гроздановски * (Злате Моравце, Словачка);
Напад: Милан Ристовски (Ријека, Хрватска), Марио Крстовски (Академија Пандев), Кристијан Трапановски (Славија Прага, Чешка), Даниел Миловановиќ (Академија Пандев), Џемал Ибиши *(Вардар);

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија

Евро-фудбал
Дембеле поради повреда нема да игра два месеци?

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027

Млади репрезентации
Македонија У21 убедливо поразена во Полска

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана
