Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер (20.45 часот) ги продолжува квалификациите за пласман на СП 2022. Со нов селектор, Благоја Милевски, но и без Горан Пандев, најдобриот македонски фудбалер на сите времиња. Јавноста ја интересира како ќе изгледа „новата“ Македонија, но селекторот и покрај прашањата ги остави одговорите за на самиот терен.
„Во селекцијата неминовно мораше да има промени и освежувања. Сакам да изразам благодарност за Горан Пандев, Иван Тричковски и Крсте Велкоски кои во минатото дадоа свој огромен придонес за репрезентацијата. Во пресрет на новиот почеток, се надевам дека ќе функционираме како тим, дека тимската игра ќе ги надоместува индивидуалните квалитети на поединците. Верувам во сите репрезентативци кои се повикани, во нивните квалитети и карактерот“ – изјави селекторот Благоја Милевски.
Сепак, тој остана „закопчан“ максимално за тактиката на утрешниот меч против Ерменија.
„Нема да одговорам ништо околу тактичките замисли, тоа прво од мене ќе го слушнат фудбалерите. Морам да кажам дека во овие неколку денови видов дека се работи за врвни професионалци кои знам дека лесно ќе се прилагодат на некои нови идеи. Нашата цел е јасна, сакаме да ги завршиме овие квалификации на што е можно подобар начин, но пред се да ги истакнеме за патот кон ЕП 2024“, изјави Милевски.
Ерменците ни се добро познат ривал, а Македонија се надева на позитивен резултат.
„Се надеваме на успешен старт. Верувам дека момците ќе го дадат максимумот. Ерменија е квалитетна селекција, не се случајно на првото место во групата во овој момент. Но, ние имаме јасен план и тоа ќе го демонстрираме на утрешниот меч“, изјави новиот селектор на националниот тим.
Натпреварот меѓу Македонија и Ерменија на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје се игра утре со почеток од 20.45 часот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski