Фудбалската репрезентација на Македонија е во очекување на октомвриските квалификации, гостувањето во Вадуц на 8 октомври и натпреварот против Германија три дена подоцна во Скопје. Селекторот Благоја Милевски го објави списокот на кој за првпат се најде Ердал Ракип, средниот играч на Малме, но и Енис Барди, Висар Муслиу и Дарко Чурлинов, кои се жалат на повреди.
„Ова е најдоброто во моментот со кое располагаме, за првпат на списокот влегува и Ердал Ракип, кој игра на врвно ниво во Лигата на шампионите со Малме и се надеваме дека сериозно ќе ја засили конкуренцијата во средниот ред. Но, имаме и проблеми, Енис Барди на 30.септември ќе прави снимка на повредениот мускул, Висар Муслиу исто така е повреден, а и Дарко Чурлинов има скршеница на вилицата. Аријан Адеми е подобро, се врати во ритам. Ги очекуваме сите да дојдат и да видиме со што ќе располагаме за мечевите со Лихтенштајн и со Германија“, вели селекторот Милевски.
Македонија е фаворит против Лихтенштајн, а три дена подоцна ќе нема што да загуби на дуелот против Германија во Скопје.
„Фаворити сме против Лихтенштајн и ќе сториме се да победиме на тој натпревар. Мора да бидеме максимално фокусирани затоа што оваа селекција покажа дека може да изненади. Се работи за добро организиран тим и ќе треба максимално да му пријдеме на дуелот. Дури потоа ќе размислуваме за Германија. За нив нема што да се зборува, знаеме за каква селекција се работи“, изјави Милевски.
Собирот на македонскиот национален тим е на 3.октомври во хотелот „Хилтон“ во Скопје.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?
Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Кенан Јилдиз
Евро-фудбал
Баерн и Сити во трка за дефанзивец на Феенорд













