Милан би можел да понуди готовина плус Јенс Хауге на Удинезе во замена за репрезентативниот играч за врска на Аргентина, Родриго Де Пол. Според „Газета дело спорт“, предлогот сигурно ќе ги заинтригира и Удинезе и играчот, особено ако “росонерите” се квалификуваат во Лигата на шампионите.
Тимот од Удине веќе го прифати фактот дека Де Пол е на излезните врати на “Дачија Арена”, па како резултат на тоа бара 40 милиони евра за негова продажба. Лидс Јунајтед на нашиот Алиоски, останува силен кандидат, додека Интер и Јувентус исто така се заинтересирани за доведување на еден од најистакнатите фудбалери во Серија А во последните неколку години.
Сега Милан се појавува како фаворит со вклучувањето на Норвежанецот како дел од трансферот со цел намалување на цената на вкупниот трансфер. Постојат и други играчи кои би можеле да заминат во спротивен правец, како Томасо Побега и Марко Брешанини.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)













