Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за новите искушенија во квалификациите за ЕВРО 2024. Претстојат дуелите со Украина на домашен терен в петок и гостување три дена подоцна против Манчестер на „Олд Трафорд“.
Напаѓачот Милан Ристовски верува дека Македонија може да стигне до успех на првиот меч против Украинците. За Англија ќе се размислува по одиграниот меч со Украина.
„Атмосферата е одлична, сите сме мотивирани кога сме во националниот дрес, сакаме да направиме нов успех и убеден сум дека заеднички ќе се бориме за тоа. Украина е силна репрезентација со фудбалери кои играат во големи клубови, но ние играме на домашен терен, очекуваме поддршка од публиката и верувам дека можеме да оствариме позитивен резултат.
Против Украина игравме на Европското првенство, но мислам дека ова ќе биде сосема поинаков натпревар, иако се разбира дека одредени анализи ќе користиме и од тој наш меѓусебен меч. Во оваа фаза од подготовките претежно се базираме на тактички работи, ја враќаме свежината и се надевам дека максимално ќе одговориме на задачите на селекторот“, изјави Милан Ристовски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













