Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски беше стрелец на погодок во триумфот (0-2) на Спартак Трнава на гости против Похроние. Тој ја погоди противничката мрежа во 30.минута, откако со волеј удар реагираше одлично на асистенцијата на Јакуб Грич.
Милан Ристовски беше повлечен на полувремето, а на негово место во игра влезе Дејан Трајковски.
Тихомир Костадинов играше до 72.минута во триумфот на Ружомберок (0-2) на гости против Сеница.
Спартак Трнава се наоѓа на втората позиција на табелата во словачкото првенство со 26 бода, колку што има и лидерот Слован Братислава, но и еден одигран меч помалку.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski