
Италијанскиот калчолигаш Милан има можност следното лето да направи сензационален трансфер, еден од најголемите во клупската историја, пишува „Калчомеркето“. Истиот медиум пренесува дека Милан ќе биде многу активен и во јануари бидејќи сака да го засили тимот за да се обиде до крајот на сезоната да го стигне Наполи, кој моментално има предност од осум бода и го држи лидерското место во Серија А.
Главните оперативци на Милан кога е во прашање пазарот на играчи, планираат долгорочно и веќе имаат план за летото 2023 година. Тогаш главна цел на Милан треба да биде Џек Грилиш (27), ѕвездата на Манчестер Сити и најскапиот играч во историјата на Премиер – лигата, за кој Сити и плати на Астон Вила дури 117,5 милиони фунти.
Милан се подготвува на лето да го продаде Рафаел Леао (23), одличниот Португалец и најдобриот поединец во тимот и би сакал да го замени со Грилиш. Леао има уште една и пол година од договорот со Милан, а доколку одбие да потпише нов, клубот ќе мора да го продаде на лето за да не го загуби бесплатно една година подоцна. Токму затоа веќе работи на договарање на негова замена.
Сити размислува за продажба на Гралиш бидејќи англискиот репрезентативец не успеа да се наметне како еден од клучните играчи во тимот на Пеп Гвардиола, а беше платен премногу за да не биде во првиот тим. Англискиот шампион повеќе не може да го добие тоа што го плати за Грилиш, но наводно би бил подготвен да го пушти за околу 70 милиони евра.
Доколку го продаде Леао, а заинтересирани се Реал Мадрид и ПСЖ, тогаш Милан би имал доволно пари за да го реализира тој трансфер, но и добра преговарачка позиција бидејќи може да му понуди на Грилиш да биде главна ѕвезда на клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал избегна пораз на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Милан со пресврт ја победи Болоња (ВИДЕО)
