
Милан вечерва беше пресилен за Торино и се искачи на третото место откако на гостински терен славеше со убедливи 0-7. „Росонерите“ настапија без Златан Ибрахимовиќ, но тоа не беше проблем за лесна и убедлива победа. Милан до седумте погодоци стигна преку Ребиќ кој постигна хет-трик, Ернандез постигна два погодоци, а во листата на стрелци се запишаа Диаз и Кеси со по еден гол.
Кристијано Роналдо вечерва постигна еден погодок во победата на неговиот Јувентус против Сасуоло од 1-3 и со тоа стигна до јубилејни 100 погодоци во дресот на „старата дама“. Актуелниот шампион се’ уште е во „аут“ за Лигата на шампиони, односно е на петтото место, а неизвесноста околу местата кои водат во ЛШ ќе трае до последната минута.
Џенова на Горан Пандев и официјално го обезбеди опстанокот во Серија А откако на гостувањето кај Болоња славеше голема победа од 0-2. Новиот шампион Интер со 3-1 го доби дербито со Рома, па трката за излез во европските купови ќе биде дополнително неизвесна до самиот финиш од сезоната.
Аталанта немаше проблеми и дома со 0-2 беше подобар противник од Беневенто, со што сега екипата од Бергамо е на делба на второто место на табелата. Сампдорија дома успеа да извлече бод играјќи 2:2 со Специја, иако гостите во два наврати имаа водство. Лацио во судиското надополнување одвај успеа да ја совлада Парма со погодокот на Имобиле.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски стрелец во триумфот на Вараждин (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Лусио заврши во болница поради изгореници

Интернационалци
Димитар Митровски стрелец во триумфот на Вараждин (ВИДЕО)
