
Напаѓачот на Милан, Рафаел Леао, може да го пропушти денешното гостување кај Слован Братислава во Лигата на шампионите. На прес-конференцијата пред натпреварот, тренерот на „росонерите“, Пауло Фонсека, изјави дека Леао се чувствува добро и не е исклучено да учествува на дуелот.
Сепак, според медиумите од Италија, поверојатно е португалскиот репрезентативец да остане на клупата, а натпреварот да го започне Ноа Окафор.
Се очекува Кристијан Пулишиќ и Самуел Чуквуезе да бидат стартери за Милан вечерва. Шанса од клупата ќе чека и Тами Ејбрахам.
„Не знам кои фудбалери ќе започнат против Слован. Рафа е добро, но им верувам на сите играчи. Сигурно ќе се одлучам за состав кој може да победи. Можно е Леао да стартува, но можно е и да не биде во тимот“, изјави Фонсека.
Милан има две победи и два пораза по првите четири кола во Лигата на шампионите и моментно се наоѓа на 20. место на табелата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
