Синиша Михајловиќ емотивно реагираше на едно прашање на прес-конференцијата во пресрет на мечот со Салернитана. Српскиот селектор доби прашан за актуелната тема – конфликтот во Украина. Михајловиќ емотивно реагираше и се присети на војната во Југославија.
„Пред некој ден прочитав реченица во која се вели дека војната ја водат богатите, а дека умираат сиромашните“, истакна Михајловиќ.
„Сигурен сум дека војната не може и не смее да биде единствениот начин за решавање на проблемот. Се сеќавам кога станав европски првак со Црвена Звезда, тоа се случи во мојата земја. Потоа и кога ја бомбардираа мојата земја, во моментот на освојување на „скудетото“ со Лацио“.
Се присети и како го доживувал секој момент што не го поминал со семејството.
„Не е лесно да се изолирате и да се фокусирате на други работи. Замислете ситуација во која можеби нема да слушнете со вашите родители со недели, не знаете дали се живи или мртви. Се сеќавам дека слушнав како авиони полетуваат во Авиано и ѝ се јавив на мајка ми и и реков…За пет минути ќе те бомбардираат, оди во подрумот. И покрај сето тоа излегов на теренот, но не беше лесно. Се надевам дека веста за војната нема да стане втора или трета вест за неколку дена, дека веќе за еден месец нема да се зборува за тоа. Луѓето не треба да се навикнуваат на војна. Сите ние треба да придонесеме за што поскоро завршување“, изјави Михајловиќ и замина со солзи во очите.
Bologna coach Sinisa Mihajlovic moved to tears during his press conference today, recounting his experiences with the Bosnian War, the bombings, his family and why everyone has to contribute to peace.
— Italian Football News 🇮🇹 (@footitalia1) February 25, 2022
pic.twitter.com/RG7MOnWlbQ
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal