Силекс не успеа да го одбрани трофејот во Купот на Македонија, откако на пенали загуби од Македонија ЃП во финалето на Националната арена „Тодор Проески“. Тренерот Горазд Михајлов е разочаран од епилогот, но сепак задоволен од изданието на својот тим и сезоната во која Силекс се врати во Првата лига.
„Пеналите се лотарија, не успеавме, среќата веројатно многу повеќе ја помилува Македонија ЃП. Но, мораме да бидеме задоволни од тоа што го одигравме. Ја имавме најзрелата шанса на мечот и не ја искористивме. Честитки за Македонија ЃП за освоениот трофеј. За нас овој медал иако е сребрен, сепак, има златен сјај. Сега одиме на одмор, а потоа не очекува настап во Првата лига“, изјави Горазд Михајлов.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal













