Новиот стратег на Јувентус, Лучијано Спалети, ја одржа својата прва прес – конференција како тренер на „бјанконерите“. Дебито на поранешниот селектор на Италија ќе биде утре, на гостувањето кај Кремонезе.
Договорот на Спалети е до крајот на сезоната, со опција за продолжување доколку тимот се квалификува за следното издание на Лигата на шампионите.
На прес-конференцијата присуствуваа и челниците на клубот Демиен Комоли, Џорџо Киелини и Федерико Модесто.
„Ова е прекрасно чувство. Сите знаеме за историјата и организацијата на овој клуб. Свесни сме за високите очекувања, но приклучувањето кон тимот секогаш е задоволство. Преовладува желбата да го вратам клубот на врвот, иако со цело почитување кон позицијата на тимот во лигата и работата што ја заврши Тудор. Уверен сум дека ќе најдам добро трениран тим во добра психичка форма и, секако, треба напорно да работиме за да ги оствариме нашите амбиции“, изјави Спалети.
„Ако не верував дека тимот има потенцијал, зошто би прифатил осуммесечен договор? Мислам дека можам да завршам добра работа со нив. Целта е да се вратиме на местата кои водат во Лигата на шампионите и да ја насочиме ситуацијата во правилна насока.“
Тој се осврна и на тетоважата со симболите на Наполи.
„Тоа не менува ништо, секогаш ќе имам многу пријатели во Неапол. Коментарите дека не би тренирал други италијански клубови се однесуваа само на сезоната после Скудетото. По таа сезона, не би водел друг клуб, и всушност тоа и не го направив.“
На крајот, Спалети потенцира дека целта е да го надгради она што беше постигнато од Тудор, со можност за нови тактички решенија, како што е игра со четворица играчи во одбрана, наместо тројца.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













