Connect with us

Меси загуби од Грк во изборот за најдобар новајлија во МЛС-лигата

Лионел Меси не успеа да ја освои наградата за најдобар нов играч во МЛС-лигата. Наградата му припадна на грчкиот напаѓач на Атланта Јунајтед, Јоргос Јакумакис, кој одигра 28 натпревари и постигна 17 голови. За наградата беше номиниран и Едвард Левен од Сент Луис Сити.


Меси во текот на летото се пресели на слободен трансфер од Пари Сен Жермен во Интер Мајами. Аргентинецот запиша 13 натпревари и 11 голови во сите натпреварувања, но не можеше да му помогне на тимот да се квалификува во плејофот на МЛС-лигата.

Светскиот шампион се најде и на проширената листа на номинирани за наградата за најкорисен играч на сезоната, но не се пласираше меѓу првите тројца.

Меси пред само неколку дена по осми пат во кариерата ја освои највредната индивидуална награда во фудбалот – Златната топка.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови