Интер Мајами избори пласман во следната рунда од Лига купот на Северна и Средна Америка, откако со 5-4 по пенали го совлада мексиканскиот Некакса. Натпреварот во регуларните 90 минути заврши нерешено 2-2, по што победникот се одлучуваше преку изведување пенали.
Иако важеше за фаворит пред почетокот, Интер Мајами доживеа шок рано во натпреварот – Лионел Меси мораше да го напушти теренот уште во првите десет минути поради повреда на мускулот.
🚨Lionel Messi is down and will be subbed off early in the game.
— Inter Miami News Hub (@Intermiamicfhub) August 2, 2025
A huge blow for Inter Miami — the entire stadium stunned 😞
Redondo comes on in his place.
pic.twitter.com/zYa7pphALU
Во негово отсуство, сцената ја презеде Родриго де Пол. Тој прво асистираше за почетното водство од 1-0, но потоа Некакса успеа да направи пресврт и да поведе со 2-1. Во судиското продолжение, поточно во 90+2 минута, Де Пол повторно беше клучен – овојпат му асистираше на Жорди Алба за израмнување и продолжување на мечот во пенали.
При изведувањето на пеналите, сите фудбалери на Интер Мајами беа прецизни, додека еден играч на Некакса промаши, што беше доволно американскиот тим да обезбеди место во наредната фаза од натпреварувањето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













