Лионел Меси, асот на Пари Сен Жермен, истакнува дека се подобро се вклопува во редовите на францускиот гигант. Аргентинецот пристигна во ПСЖ во текот на летниот преоден рок откако дојде од Барселона. Иако медиумите многу ги критикуваат неговите настапи во францускиот шамшионат, Меси не е незадоволен.
„Кога дојдов овде ги познавав Ди Марија и Нејмар. Го познавав Килијан Мбапе само од натпреварите. Ни требаше време да се разбереме на теренот. Сепак, мислам дека како што минува времето, ние функционираме се подобро. Играм како во Барселона со врвни играчи и тоа значи многу“, истакна Меси.
Навивачите на ПСЖ оставија посебен впечаток кај Меси.
„На ’Паркот на принцовите’ секогаш има одлична атмосфера. Највпечатливо е што навивачите пеат во текот на целиот натпревар. Нема запирање, а секако се експлодира кога ќе постигнеме гол. Задоволство е да се игра во ваква средина“, вели Меси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)













