Connect with us

Меси двоен стрелец во триумфот на Интер Мајами со кој обезбеди пласман во плејофот (ВИДЕО)

Лионел Меси не запира. Аргентинската ѕвезда постигна два гола и запиша асистенција во убедливата победа на Интер Мајами од 0-4 на гостувањето кај Њујорк Сити.

Првиот погодок го најави во 43. минута кога му асистираше на Балтазар Родригез за водство од 0-1. Во 74. минута Меси ја покажа својата мајсторија – по маестралното додавање на Серхио Бускетс излезе сам пред голманот и прецизно го лобуваше за 0-2.

Луис Суарез во 83. минута зголеми на 0-3, а само три минути подоцна повторно блесна Меси, кој со соло-акција ја матираше одбраната и реализираше за конечни 0-4.

Со овие два погодоци, Меси стигна до бројката од 24 гола и 11 асистенции сезонава, а дури осми пат завршува натпревар со двојна реализација.

Триумфот на Интер Мајами официјално значи пласман во плејофот на МЛС лигата, каде што тимот на Хавиер Маскерано ќе биде еден од главните фаворити.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови