Манчестер Јунајтед е во криза, но според играчот од средниот ред Скот Мектоминај, за тоа не е виновен менаџерот Ерик тен Хаг. Отказот на холандскиот стратег изгледа сѐ поверојатен откако тимот загуби 8 од 15 натпревари во сите натпреварувања од почетокот на сезоната.
„Знам дека навивачите не сакаат да слушаат изговори и сакаат да видат резултати и добра игра“, изјави Мектоминај за официјалната веб-страница на Манчестер Јунајтед.
„Свесен сум дека повеќе сакаат да гледаат насмеани играчи. Сепак, тоа сега не се случува, но 100 отсто сум уверен дека менаџерот може да ги поправи работите. Во моментов не функционира затоа што понекогаш е само фудбал, но ние во соблекувалната мора да бидеме фокусирани и да имаме мирна глава. Не можеме да дозволиме да бидеме толку под влијание на сè што не опкружува. Мораме да ги оставиме негативните емоции зад нас“.
26-годишниот Шкотланѓанец беше стартер на последните два првенствени натпревари на „црвените ѓаволи“.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski