
Килијан Мбапе одби понуда која никој не можеше да ја одбие освен него. Денеска пристигнуваат нови информации дека ПСЖ повторно понудил бланко чек за Мбапе да напише колку пари сака за да остане, но тоа не е се.
ПСЖ му понуди на Мбапе краткорочен договор на две години, но со посебна клаузула дека може да го напушти клубот следната зима, односно по Светското првенство во Катар.
Во Париз беа убедени дека Мбапе ќе се согласи на ова, да го продолжи престојот во клубот за уште неколку месеци, но Французинот одби и ги изненади парижаните.
Катарското семејство кое го држи ПСЖ сака Мбапе по секоја цена да биде „нивен“ на Светското првенство во ноември и декември. ПСЖ смета дека тоа е од големо значење за катарското семејство кое сака да ги има Меси, Нејмар и Мбапе за свои членови на мундијалот.
Мбапе практично би одиграл само една полусезона повеќе отколку да си оди на лето, за да заработи колку сака, но тој одбил! Мбапе одамна постигна вербален договор со Реал Мадрид и сака да си замине на лето.
Истите извори наведуваат дека родителите на Мбапе сакаат тој да остане во Париз и вршат притисок врз него, но играчот е одлучен – само Реал Мадрид.
Како што стојат работите во моментов, Мбапе и понатаму сака да биде слободен да оди во Мадрид на 1 јули, а сигурно е дека тоа ќе се случи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тотенхем се вклучува во трката за Родриго

Прва лига
Љамалари ја засили одбраната на Шкупи

Евро-фудбал
Караламбус: Голманот нѐ спаси од поубедлив пораз
