Поранешниот фудбалер на Борусија Дортмунд и германски репрезентативец, Матс Хумелс, пристигна во Италија и за неколку часа ќе потпише договор со Рома, јави ДПА. Светскиот шампион од 2014 година беше пречекан во италијанската престолнина од стотина навивачи на „волчицата“ кои го чекаа за фотографии и автограми.
Дефанзивецот ќе ги помине медицинските прегледи, а потоа ќе потпише едногодишен договор со Рома.
Матс Хумелс летово остана без тим откако не доби понуда за нов договор од Борусија Дортмунд. Во последните недели се зборуваше за негов трансфер во Болоња, но таков договор не беше постигнат.
Преодниот рок за италијанските клубови беше затворен во петокот, но Хумелс е слободен играч и Рома би можела да го ангажира. Тој за првпат во кариерата ќе игра надвор од Германија, каде досега беше во Борусија Дортмунд и во Баерн Минхен.
Последниот натпревар на дефанзивецот за репрезентацијата беше лани во ноември и не беше избран во селекцијата за Европското првенство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар направи клучен чекор кон титулата, откако Шкендија се сопна и во Кратово. Брера...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Вардар со една рака веќе го држи шампионскиот трофеј откако во 30.коло го победи...
Автор makfudbal













