Connect with us

Матеус: „Златната топка“ за Меси е голема фарса, Халанд беше подобар од него

Легендата на германскиот и светскиот фудбал Лотар Матеус смета дека напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд заслужил да ја добие „Златната топка“ на крајот од сезоната 2022/23, многу повеќе од ѕвездата на Интер Мајами и Аргентина, Лионел Меси.


„Халанд беше подобар од Меси цела сезона. Оваа награда е незаслужена и докажува дека освојувањето на Светското првенство е поважно од сѐ. За мене никој не беше подобар од Халанд во последните 12 месеци. Со Манчестер Сити освои големи титули и го постави рекордот за најмногу голови. Победата на Меси во изборот на „Златната топка“ е фарса иако отсекогаш сум бил фан на Лео“, изјави Матеус за „Football Italia“.

Лионел Меси синоќа ја доби осмата „Златна топка“ во кариерата достигнување што којзнае кога и дали воопшто ќе биде надминато.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови