Германската фудбалска легенда Лотар Матеус ги донесе најтешките можни ривали за Македонија во баражот за пласман на Светското првенство во Катар. Тој го извлече името на Македонија во сегментот Ц, каде веќе беа сместени Италија и Португалија како носители.
Матеус после ждребот сепак потенцираше дека никој не смее предвреме да ја отпише Македонија. Тој очекува нашиот национален тим да одигра квалитетно против европскиот првак.
„Групата Ц е секако најтешката група! Една селекција од Италија и Португалија нема да ја гледаме на СП во Катар. Не ја отпишувајте и Македонија предвреме. Мислам дека Македонија ќе одигра добар фудбал против Италија. Мислам дека сите видовме како во овие квалификации Македонија ја победи Германија“, изјави Матеус.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski