
Актуелниот европски првак Манчестер Сити в петок во Саудиска Арабија ќе игра против бразилскиот Флуминенсе за титулата светски клупски шампион. Англискиот клуб вчера во полуфиналето го победи јапонскиот Урава со 3-0.
Хрватскиот интернационалец Матео Ковачиќ во петок ќе има можност да го постигне она што ниту еден фудбалер во историјата не го постигнал – да стане светски клупски шампион со три различни клуба откако ја освои таа титула со Реал Мадрид и со Челси.
Досега тој рекорд го делеше со играчи како Кристијано Роналдо (шампион со Манчестер Јунајтед и со Реал Мадрид), Тони Крос (Баерн Минхен и Реал Мадрид), Давид Алаба (Баерн Минхен и Реал Мадрид) и Антонио Рудигер (Челси и Реал Мадрид).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Шешко ќе избира меѓу Њукасл и Манчестер Јунајтед

Евро-фудбал
Интер постави ултиматум за трансферот на Лукман
